Холандска банка треба да плати 775 милиони евра поради перење пари

Од:

Холандската банка ИНГ треба да плати 775 милиони евра како дел од спогодбата со обвинителите, кои обвинија дека нејзините финансиски контроли се толку слаби што клиентите лесно можеле да „перат пари“.

Спогодбата, една од најголемите во историјата на холандското обвинителство за финансиски прекршоци, се однесува на периодот од 2010 до 2016 година.

Според спогодбата, 675 милиони евра се дел од казната, а 100 милиони евра е враќање на нелегално стекнатата заработка.

ИНГ е трета европска банка што оваа година се најде на удар за „перење пари“.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски