Холандија – најскапо кралство во Европа

Од:

Кралството на Холандија е најскапо во Европа, а годишните трошоци на кралското семејство изнесуваат 39,5 милиони евра. Минатогодишните трошоци во споредба со сегашните надминаа 14,2 милиони евра.

Годишната плата на поранешната холандска кралица Беатрикс изнесуваше 830.000 евра.

Личните и материјални трошоци на кралицата изнесуваа 4.358 милиони евра. Годишната плата на принцот претстолонаследник, сегашен крал на Холандија изнесуваше 246.000 евра, а трошоците на принцезата Максим беа 384.000 евра.

Персоналот на кралицата кој брои 260 вработени во три кралски палати чини 17,6 милини евра.

Материјалните трошоци на кралицата, како што се расходи за возен парк, за односи со јавноста и различни видови на комуникација достигнаа 7,8 милиони евра.

Авионскиот превоз на семејството минатата година изнесуваше 1,1 милион евра.

Дополнителните трошоци кои што се искористени за безбедност на куќата и нивните членови и гости беа 5,6 милиони евра во 2012 година.

Холандија има најскапо кралско семејство, но поевтино во споредба со францускиот претседател кој минатата година потроши 111 милиони евра.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски