Хоџа: Теламон треба да инвестира четири милиони евра и да вработи 300 лица

Од:

Четири милиони евра треба да инвестира Друштвото за производство и трговија ТЕЛАМОН ЕВРОПА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и да овозможи вработување на 300 лица. Инвестицијата на компанијата треба да се реализира во Инџиково, општина Гази Баба.

– За оваа компанија Владата вчера на седница прифати информација за предлог – договор за доделување државна помош, и ја овласти Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за привлекување странски инвестиции, на 13-ти овој месец, да го потпише предложениот договор за доделување на помошта, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

По ова, додаде Хоџа, ќе следува и реализација на оваа инвестиција, која се планира да биде во Инџиково-Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто