Хилберс од ММФ: Мерките и одлуките на Народната банка придонесоа за помали последици од пандемијата врз македонската економија

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа состанок со извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс.

Навремените и соодветни мерки и одлуки на централната банка во доменот на монетарната политика и финансискиот сектор придонесоа за намалување на последиците од кризата врз македонската економија и за одржување на финансиската стабилност, ова меѓу другото беше истакнато од страна на Хилберс на состанокот во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

Тој изрази целосна поддршка за политиките коишто се водат од централната банка и за мерките преземени досега, во услови на глобална пандемија и голем број предизвици. Притоа, нагласи дека неизвесноста предизвикана од здравствената криза и понатаму постои во глобални рамки, што наметнува потреба од постојана подготвеност на носителите на политиките за навремена реакција.

На состанокот беше заклучено дека треба да се продолжи со стимулативните политики, сѐ додека на повидок нема целосно економско закрепнување, информираат од кабинетот на гувернерката.

Имајќи ја предвид специфичноста на глобалната криза од пандемијата и улогата на политиките на централните банки во ублажувањето на ефектите од кризата, на состанокот уште еднаш била нагласена значајноста на независноста на централните банки и поддршката којашто ја добива Народната банка во овој поглед од ММФ, а со залагања и на Конституенцата.

На состанокот било истакнато дека Конституенцата и натаму максимално ќе ги застапува интересите на нашата земја во рамките на активностите на ММФ.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски