ХЕЦ Шпилје работи со полна пареа

Од:

Благодарение на изобилството на вода во дебарското сливно подрачје, трите агрегати на ХЕЦ „Шпилје“ во овој реон работат под полн капацитет и произведуваат околу два милиона киловат часови електрична енергија дневно. Од почетокот на годинава произведени се околу 60 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за околу 25 отсто, соопштуваат од компанијата.

Од ХЕЦ „Шпилје“ посочуваат дека ако продолжи поволната хидрологија и во следниот период, годишниот план од 252.082 милиони киловат часови се очекува да биде остварен, а множеби и натфрлен.

Лани беа произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија што претставуваше натфрлување на планот за околу 2 отсто.

ХЕЦ „Шпилје“ работи веќе 44 години, а максимално рекордно производство на струја е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат часови.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство