Хардувелис: На ММФ не му е грижа за политичката клима во Грција

Од:

Грчкиот министер за финансии Гикас Хардувелис им открил на грчките пратеници дека на разговорите меѓу Владата и претставниците на тројката во Париз владеела многу „негативна атмосфера“, јави дописникот на МИА од Атина.

– Тие не отстапија ниту еден чекор и не им е грижа кој е на власт и дали ќе имаме избори во март, рекол наводно Хардувелис во неформални раговори со пратеници во грчкиот Парламент.

Министерот за финансии додал и дека ММФ бил особено нефлексибилен.

Според пратениците, Хардувелис потврдил дека притисокот од кредиторите на Грција е интензивен. Според него, Грција може исполнила 99 проценти од обврските, но кредиторите инсистираат да се завршат и тие еден отсто.

Грчкото Министерство за финансии по ваквите извештаи во медиумите, соопшти дека Хардувелис во разговорите со пратениците не споменал „предвремени избори“.

Според истото соопштение, министерот рекол дека на ММФ не му е грижа за политичката клима во Грција.

Хардувелис претходно се сретна со премиерот Самарас и вицепремиерот Венизелос, кои ги брифираше за преговорите во Париз.

– Добро помина. Имавме напредок. Не ги затворивме отворените прашања и ќе продолжиме да разговараме, рече грчкиот министер за финансии по средбата

Би можело да ве интересира

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција