„Ханделсблат“: Лагард предлага компромисно решение за Грција

Од:

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард за германскиот весник „Ханделсблат“ изнесе компромисно решение за решавање на проблемот со грчкиот долг, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Предлогот на Лагард не е различен од она што веќе било разговарано на последниот состанок на Еврогрупата на 22 мај.

Во интервјуто на германскиот весник Лагард одговара на прашањето дали ММФ може прифати предлог, кој предвидува принципиелно учество на ММФ во програмата за помош на Грција, но без да му се доделува финансиска улога во неа.

– Ние повеќе пати досега сме објасниле дека во идеални случаи една програма за Грција треба да се потпира на два столба, првиот се реформите, за кои одлука носи грчкиот Парламент, но тие треба да бидат реализирани. Вториот столб е одржливоста на грчиот долг. За него ние се договоривме со европските партнери. Пресметките за одржливоста на тој долг се направени врз основа на тоа што е реално за грчката економија. Во таа смисла ние ги земаме предвид досегашните економски тенденции, прогнозите и Европската комисија, но и нашите, на Фондот, за грчката економија, додаде таа.

Лагард напомена дека ММФ и натаму смета дека е неопходно олеснување на грчкиот долг.

– Тоа не значи кратење на долгот, туку едно пошироко продолжување на рокот за враќање на кредитите и каматите, додаде таа.

– Кредиторите не треба да го олеснуваат грчлкиот долг пред крајот на програмата, но тоа олеснување треба јасно да биде определено сега, за да настане пресврт и да можат пазарите да кажат дека долгот е одржлив и оти може да се влеат пари во Грција, нагласи Лагард.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ