ХАЛАЛ стандардот можност за поголем извоз во Турција и арапските земји

Од:

Вкупно седум македонски компании досега вовеле ХАЛАЛ стандард од кои две лани. Годнинава прв пат Владата предвиде субвенции за воведување ХАЛАЛ кај малите и средните компании, а за таа намена кредит нуди и ПроКредит банка.

Ова беше истакнато на денешната пред-конференција во Стопанската комора на Македонија, која дава услуги за имплементација на стандардот.

– ХАЛАЛ стандардот кај прехранбените производи е се поприсутен и зазема се поголем удел на меѓународно ниво бидејќи со негово имплементирање се отвора пазар чијашто вредност се проценува на над 700 милијарди долари, рече Емилија Тодоровска од Стопанската комора на Македонија.

ХАЛАЛ стандардот, додаде, ги специфицира сите барања и мерки кои мора да бидат исполнети да се добие сертификат за ХАЛАЛ квалитет, односно севкупност на карактеристики кои производите мора да  ги исполнуваат, а се во согласност со исламското верско учење и притоа ги запазуваат сите атрибути на квалитет и се дозволени за храна и услуги за припадниците на исламската вера.

– ХАЛАЛ производите и услугите се прифатливи и за сите други религии и се присутни во навиките на исхраната во сите региони на светот и се дополнително контролирани. Воведувањето на стандардот отвора можност за поголем настап на пазарите во Турција и во арапските земји, рече Тодоровска.

Претставникот на Исламската верска заедница, Дритон Дикена, кој беше присутен на прес-конференцијата, одби да даде одговор дали ИВЗ го поддржува воведувањето на ХАЛАЛ стандардот преку кредит, што е во спротивност со Шеријатските закони кои предвидуваат стандардот да не смее да се воведува со кредити.

– ИВЗ ја поддржува имплементацијата на ХАЛАЛ стандардот во Македонија и им се заблагодарува на Министерството за економија и на Владата што им даваат субвенции на претпријатијата што сакаат да го воведат овој стандард. Дали за тоа може да земат кредит јас нема да коментирам, бидејќи во ИВЗ има експерти кои можат тоа да го направат, а јас сум правник и не сакам да навлегувам во таа проблематика, рече Дикена.

Имплементацијата на ХАЛАЛ системот чини околу 40.000 денари, но значително е поголема цената на услугата за добивањето на сертификатот.

Владата годинава предвиде 500.000 денари за компаниите кои ќе го имплементираат ХАЛАЛ стандардот за техничка помош и консултантски услуги. Доколку има поголем интерес за имплементација, според најавите од Министерството за економија, може да се направи пренамена на стредства.

Би можело да ве интересира

Вакцината на Фајзер е халал, тврди првиот човек на Британското исламско медицинско здружение

Жарко Настоски

Бектеши ги повика компаниите да се пријават за субвенции за ХАЛАЛ стандард

Ана Ололовска

Кучи: Обезбедени 1,4 милиони денари за поддршка за ХАЛАЛ системи за годинава

Ана Ололовска

Халал сертификат за шест компании

Емир Латифовиќ

Студија: Животните користени за халал месо често умираат во маки

Ана Ололовска

Компаниите до 30. април можат да побараат субвенции за ХАЛАЛ

Ана Ололовска