Гувернерот на Банката на Англија најави повлекување во 2019 година

Од:

Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни соопшти дека ќе се повлече од функцијата, во јуни 2019 година, прекинувајќи ги шпекулациите во британската јавност околу неговото заминување, или останување во банката.

Гувернерите на Банката на Англија, која во Британија ја има улогата на Централна банка, по традиција остануваат осум години на функцијата.

Карни е гуверенер од 2013 година и би требало да остане на функцијата до 2021 година, но тој се определи да остане шест години во банката.

Рокот што Карни го соопшти се совпаѓа со времето кога британската влада ќе ги води преговорите за раздружување со ЕУ. Тие би требало да започнат до март идната година и да завршат во период од две години.

„Одлуката да останам до средината на 2019 година е во функција на одржувањето на економскиот континуитет на земјата во текот на преговорите за Брегзит„- изјави Карни во Лондон.

Неговата одлука ја поздравија премиерот Тереза Меј и министерот за финансии Филип Хамонд.

Карни претходно најавуваше дека решението дали да остане пет, или шест години како гувернер, исклучиво зависи од приватни причини и дека својата одлука ќе ја соопшти пред крајот на годинава.

Таквата позиција на Карни предизвика остри критики во дел од медиумите кои агитираат за брз Брегзит и продолжуваат со својата антиевропска кампања.

Тие бараа од гувернерот да поднесе оставка, обвинувајќи го дека „намерно пласира во јавноста лоши прогнози„ за состојбата на економијата во наредните две-три години, што наводно им оди од рака на противниците на напуштањето на ЕУ.

Пред соопштувањето на својата одлука, Карни кој е Канаѓанец, имал двочасовна средба со Тереза Меј.

Портпаролот на Даунинг стрит 10, по средбата изјави дека британскиот премиер има целосна доверба во гувернерот Карни и дека тој е „вистинскиот човек за функцијата„ што ја извршува.

Лондонски „Фајненшл Тајмс„ тврди дека Карни одлучил да остане гувернер во време на преговорите со ЕУ, само за да ја одбрани банката од нападите на политиката и политичарите.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон