Груевски: Стартува реализацијата на 22 милиони евра од од евтиниот кредит за компаниите

Од:

Дваесет и два милиони евра од кредитната линија од сто милиони евра што ја обезбеди Владата преку Европската инвестициска банка од утре ќе бидат достапни за компаниите во Македонија. Средствата би требало да овозможат отворање на нови 480 работни места.

– Ние со Европската инвестициска банка договоривме кредитна линија од 100 милиони евра. Од нив 22 милиони треба да пристигнат веќе утре и треба да бидат пуштени за вкупно 101 компанија во Македониј, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашасње по пуштањето во употреба на лабораторија за интелегентна роботика на ФИНКИ.

Според пресметките на Министерството за финансии, додаде премиерот Груевски, тие би требало да овозможат отворање на околу 480 нови работни места.

– Оваа кредитна линија влегува во една конкретна реализација. Владата е подготвена во финишот на исцрпување на оваа кредитна линија да обезбеди нова, со субвенционирана камата од 5,5 проценти, со оглед на тоа што во ова тешко време на европска должничка криза пристапот до кредити е отежнат за македонските компании. Оваа каматна стапка е пониска од пазарната и претставува директна помош за македонските компании во време кога ги чувствуваме ефектите од должничката криза, истакна премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами