Груевски: Раздвижувањето на индустријата значи и зајакнување на можноста за нови инвестиции

Од:

Растот на индустриското производство од речиси седум проценти, што според Државниот завод за статистика е забележан во првите шест месеци во споредба со првите шест месеци од минатата година претставува сериозен пораст, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

– Во месец јуни порасна само за речиси 15 %, во однос на јуни минатата година. Што е многу сериозен пораст на индустриското производство, што покажува една раздвиженост на економијата во Република Македонија, што е и логично во однос на мала раздвиженост, која се јавува во Европската монетарна зона, односно во Европската унија. Иако, кризата се уште не е завршена во Европа сепак има одредени позитивни сигнали кои со помош на нашите реформи, на нашите чекори кои ги правиме во економијата се рефлектираат и тука кај нас. Така што тоа ме радува, раздвижувањето на индустријата значи и зајакнување на можностите за нови капацитети и за нови извози, а со тоа и зголемен број на работни места во Република Македонија, рече Груевски.

Тој истакна дека сите напори и мерки кои ги презема Владата се во правец на отварање нови работни места, нови инвестиции, старите инвеститори да размислуваат за нови или проширување на своите капацитети, а кои што ја раздвижуваат и македонската економија.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата