Груевски: Проблемот со поврат на ДДВ ќе биде решен до февруари 2013 година

Од:

Премиерот Никола Груевски во обраќањето пред бизнис заедницата за економски предизвици во 2013 година најави дека проблем со повратот на ДДВ на економијата ќе биде целосно решен до февруари следната година.

„Ќе го елиминираме доцнењето на плаќањето кон стопанството, доцнењето и плаќањето на ДДВ до крајот на февруари 2013 целосно ќе се надмине, а до крајот на ноември оваа година половина од овој долг ќе биде исплатен. Средствата за ова ветување веќе се обезбедени“, рече Груевски.

Тој рече дека оваа одлука владата не ја носи поради барања на бизнис заедницата туку поради тоа што политиката треба да претрпи мали корекции, односно дека е време е за промена на терапијата.

Груевски кажа дека доколку владата сакала да ги отрфли критиките за доцнењето на ДДВ ќе се повикала на западните земји кои повеќе доцнеле од Македонија.

„Овој законски рок беше нарушен во 2003, 2004. и 2005. година, ама тогаш не беше дел од критиките кон владата.

Проблемите започнаа во 2009. година со разгорувањето на светската економска криза, факт е дека како држава успеавме да ублажиме многу удари. Ликвидноста на буџетот беше погодена, и тоа го чувствувавме сите, па и се почувствува врз повратот на ДДВ.

Која е генезата на појава на овој проблем? Светската и економска криза ги намали нарачките од светските фирми кај македонските фирми, падна потрошувачката во нивните земји“, рече Груевски.

Премиерот кажа дека за разлика од сите земји во Европа, Македонија ја задржала невработеноста на ниво од 2008. година, а не биле намалени ниту платите ниту пензиите.

Тој предупереди на трендот на намален наталитет на македонскоот население, и на бизнисмените им кажа дека демографската рецесија е попасна од економската рецесија. Бизнисмените ги повика да се ослободат од тргувањето само на просторот на СФРЈ и да ги прошират границите ако сакаат успех. Премиерот им посочи да прифатат поголем ризик, кажувајќи им како успаеал Карло Слим и редица познати фирми.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Ковачевски: После една две пијачки со другарите, одам дома да ја дочекам Новата година

Орце Костов