Груевски: Македонија се гледа како важна порта кон Европа на мултинационални компании

Од:

Анимирање на бизнис дијаспората  во насока на подобрување на конкуретноста на македонската економија е целта на Глобалниот инвестициски самит што во организација на „Македонија 2025“ почна во  Охрид.

Над 350 учесници ќе дискутираат за глобалните економски политички перспективи, инветициската клима во Македонија, размена на искуства од постоечките инвеститори, соработка со дијаспората со цел создавање економски можности.

„Владата на Република Македонија покажува дека дијалогот со бизнис заедницата е исклучено важна платформа и наша стратешка определба врз која ја надградуваме економската стратегија и ќе продолжиме да дизајнираме политики кои се пријателски насочени кон приватниот сектор“, рече премиерот Никола Груевски обраќајќи се на отворањето.

Тој додаде дека заедничките цели поставени за овозможување услови за економски раст и развој, надминување на влијанијата од глобалните предизвици, политиките за подобрување и одбрана на стандардот на граѓаните, интенцијата за создавање нови работни места и вработување луѓе бараат заеднички ангажман и заеднички  напор.

Ги спомена преземените реформи за најниските даноци во Европа, рамниот данок, реформите за поедноставување на процедурите за плаќање на даноците, регулаторната гилотиња, намалувањето на социјалните придонеси.

Тој потенцира дека Владата ќе продолжи со одржување здрави економски политики и спроведување на натамошни реформи кои подразбираат ниски даноци и придонеси и структурни реформи за подорување на бизнис климата.

Посочувајќи на активностите што ги презема Владата во потрага по странски инвестиции и за инвестициите кои се веќе реализирани и ги даваат ефектите, премиерот рече дека Македонија почна да се гледа како привлечна инвестициска дестинација, како важна порта кон Европа на мултинационални компании.

– Ќе подолжиме со нашите напори во привлекување странски инвеститори и секоја ваша помош и поддршка и идеја ќе ни биде добредојдена, порача Груевски на Форумот.

Дијаспората досега нема конкретни инвестиции во земјата, а како што најави Роберт Арсов член на Бордот на директори на „Македонија 2025“, ќе биде отворен фонд за реализација на инвестиции во Македонија.

Официјалната најава се очекува во текот на Самитот од страна на претседателот на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски, кој на отворањето рече дека целта е едноставна да се искористи нивното искуство и мрежа во корист на македонската економија.

„ Овде имаме цел да ја поттикнеме бизнис дијаспората и да промовираме бизнис цели. На Самитот во Охрид има две цели да се пронајдат потенцијални инвеститори и да се зголеми посветеноста на владата и бизнис заедницата да се движи напред и да се подобри бизнис климата во Македонија“, порача Зафировски.

Зоран Мартиновски, директорот на Самитот истакна дека во светот има многу наши експерти кои можат да помогнат во развој на Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он