Вистински екологисти се оние кои се високо образовани во нивниот сектор и кој можат да дадат одговор со кои стравот кај граѓаните се сведува на минимум зошто не влеваат само впечаток на доверба, туку експлицираат огромно знаење, а тоа е доверба, пишува колумнистот и металуршки инженер, Виктор Грозданов во својата последна колумна насловена „Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот“.
„Впрочем доколку се разговара за како се креира рударско -индустриски комплекс за експлоатација на рудно металично богатство одговорите се бараат на следниов начин. Потребни Ви се експерти кои учеле проектирање на индустриски капацитети и кои веднаш знаат дека се бараат следниве: геолог да ја открие рудата, географ да каже каква е ружата на ветрови за прашината која и покрај заштитата со водна завеса да не случајно оди во населени и земјоделски места, рударите да кажат каква технологија на ископ да се изврши, металурзите да извршат екстракција на металот, макроекономист да го продава рудното богатство и најважното државата кажува како се враќа во првобитна состојба земјиштето кое се употребувало за рудниот комплекс. Затоа се креираат повеќе децениски стратегии во кое клучно место имаат самите факултети, но и највисоката научно-образовна институција МАНУ“, пишува Грозданов.
Во колумната вели токму од овие причини и негодува околу стратегијата на МАНУ за геолошки испитувања, бидејќи за неа не се консултирани професорите од соодветните факултети.
„Моите професори ги пратат најновите достапни технологии и силно инсистираат да употребата на вода е во многу минимални количини. Два рударски комплекси кои сакаат експлоатација на најсериозниот критичен метал БАКАРОТ кој го поседуваме во милијарди евра и чија рудна жица ја има само во Источна Македонија, Генезис и Иловица-Штука инсистираат на научна основа да се оди со сува постапка, без создавање на хидро јаловишни брани бидејќи експертите од Македонија дадоа такви препораки со цел да минимизира влијанието врз животна средина. За жал МАНУ не ја објаснува потребата од отворање на ваквите гиганти“, вели Грозданов во колумната.
И во продолжение како одговор на, како што вели „еко – лагите“ наведува: Фактите се :
1. 350 милиони евра инвестиција во првите две до три години;
2. Изградба на целосна инфраструктура во општините кои ќе бидат потребни за рудникот но и граѓаните;
3. Директни и инидиректни вработувања 2500-3200 од самите општини;
4. 11 милиони евра просек годишно да делат Босилово и Ново Село;
5. 14 проценти намален дефицитот на буџетот на Македонија;
6. Зголемена просечната плата во Македонија;
7. Ако сме паметни како држава ќе добиеме субвенции и донации првенствено во спорт и стипендирање во образованието и стопирање на одлив на младите;
8. итн
И затоа МАНУ и Владата на Македонија мора со сета сила да докажат дека на лагите од самопрогласените екологисти им се кратки нозете, заклучува во својата колумна Грозданов.