Грозданов: Рударството не смее да биде ничија приватна игра

Од:

Рударството во Македонија не смее да се претвори во затворен систем под влијание на поединечни интереси, туку треба да се развива како транспарентна и конкурентна индустрија, оценува Виктор Грозданов во најновата колумна.

Тој посочува дека во јавната дебата се создава конфузија и недоверба, наместо аргументирана дискусија заснована на факти. „Кога се прозива некој, првенствено мора да се знае која е неговата улога, образование и капацитетот за пристап до информации“, пишува Грозданов, нагласувајќи ја важноста на кредибилитетот во јавниот простор.

Во колумната се отвора и прашањето за функционирањето на рударскиот сектор, при што се укажува на обиди за ограничување на конкуренцијата. „Се наметнуваше став дека само одредени компании треба да бидат рудници, а другите да останат на ниво на наоѓалишта – што претставува директен обид за монополизација“, наведува тој.

Според Грозданов, токму ваквите практики придонеле за забавен развој на индустријата. „И затоа сме овде кај што сме во развојот на рударството и индустријализацијата“, пишува тој.

Авторот истакнува дека проблемот не е само во економските односи, туку и во начинот на кој се води јавната дебата. Тој предупредува дека темата често се третира површно и без доволно знаење. „За да се занимава некој со активизам, мора да биде поедуциран од оние на кои им се спротивставува“, наведува Грозданов.

Во текстот се нагласува и значењето на информациите и експертизата во креирањето политики. „Моќта на информацијата е клучна – без неа нема ниту сериозна дебата, ниту одржливи решенија“, пишува тој.

Грозданов смета дека иднината на рударството треба да се гради врз јасни принципи: транспарентност, фер конкуренција и силен институционален надзор. Тој повикува во процесот на креирање политики да се вклучат научници, професори и експерти, наместо одлуките да се носат под притисок на интереси или недоволно информирани ставови.

„Рударството не смее да биде ничија приватна игра“, заклучува Грозданов, додавајќи дека само со отворен пристап и јасни правила може да се обезбеди одржлив развој на секторот.

Би можело да ве интересира

Вашингтон со нова инвестиција за намалување на зависноста од увоз на минерали

Грозданов: Манипулации и двојни стандарди во дебатата за рударството и енергетиката

А1он

Македонија чекор поблиску до европско рударство: нови закони во март

Грозданов: „Апсолутно ДА“ за животната средина, но и за индустријализација

А1он

Домашното рударство во слободен пад, додека глобалната трка по нови наоѓалишта се засилува

А1он

Грозданов: Нашиот бакар ќе има важна улога во ЕУ, а „лажњаци“ работат за да се даде на туѓи сили