Грозданов: Добиената арбитража за „Казандол“ е пирова победа

Од:

Да избегнеш плаќање стотици милиони евра од државниот буџет е добра вест. Но, што е со другата страна на приказната? „Казандол“ можеше да биде еден од најзначајните индустриски проекти во независна Македонија, пишува металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна посветена на разврската за проектот за изградба на рудникот за бакар „Казандол“ кај Валандово.

„„Казандол“ можеше да биде еден од најзначајните индустриски проекти во независна Македонија. Според првичните проценки, рудникот требаше да донесе директно неколку стотини работни места, а индиректно – уште илјадници. Општинските каси во југоистокот на државата ќе добиваа милиони евра годишно, кои ќе значеа асфалтирани улици, училишта, канализации и инфраструктура што ја чекаме со децении. Државниот буџет ќе инкасираше значителни даноци, а Македонија ќе добиеше стратешки капацитет со геополитичка тежина имајќи предвид дека оттаму ќе се експлоатираше бакар, еден од минералите на листата „критични суровини“ на Европската Унија“, пишува Грозданов.

Според Грозданов, тогашната Влада во 2018 година погрешила кога наместо врз основа на аргументи донела одлука поради популизам на штета на економскиот развој на државата и повисок животен стандард на граѓаните.

„Во време кога требаше да се донесуваат храбри одлуки, тогашната Влада клекна пред уличниот популизам и пред неколку гласни организации, дел од нив финансирани со јасни агенди против било каков крупен индустриски проект“, пишува во колумната.

Според Грозданов, овој случај треба да биде предупредување: следниот пат кога ќе се појави слична инвестиција, прашањето не треба да биде „дали да ја блокираме“, туку „како да ја направиме најдобра за граѓаните и за државата’“, пишува Грозданов во колумната.

Би можело да ве интересира

Маск влезе во историјата: Стана првиот човек со богатство од над 700 милијарди долари

Предраг Петровиќ

Уништени 22,3 тони киви за преработка од увоз

Синдикалната минимална кошница за месец декември e 65 492 денари

Предраг Петровиќ

Путин: Руската економија стабилна и покрај предизвиците, инфлацијата во 2025 година најмногу 5,8 проценти

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот остануваат исти

Трамп собра пет сојузници против Кина