Грција повеќе нема потреба од помош од ММФ, смета грчки државен министер

Од:

Грција повеќе нема потреба од помош од ММФ, изјави грчкиот државен министер Никос Папас на 21 јуни во пресрет на самитот на ЕУ, што може да биде одлучувачки дали земјата ќе излезе од еврозоната, пишува весникот „Хуриет“.

Јас сум еден од тие што сметаат дека ММФ не треба да биде во Европа. Се надевам дека ќе најдеме решение без негово учество, изјави Папас, кој е близок на премиерот Алексис Ципрас, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Според Папас во Европа нема потреба од институција со седиште во Вашингтон, чиј дневен ред, според него воопшто не е европски и може да продолжи без Фондот и неговите пари. ММФ беше повикан за спас на Грција кон крајот на 2009 година, кога земјата повеќе не можеше да се задолжува на меѓународните пазари.

Учеството на ЕУ во пакетот помош на Грција во вредност од 240 милијарди евра завршува кон крајот на месецот, а поддршката од ММФ требаше да продолжи до март 2016 година.

За грчката влада секое продолжување на спасувачкиот план треба да има за цел да даде поттик на економијата на земјата, а не да носи нови мерки за штедење. Грција, исто така, сака да биде намален големиот долг на земјата.

– Договорот треба да биде од таков вид и со таква временска рамка, што ќе ја врати довербата, изјави Папас пред весникот „Етнос“.

Цирпас ќе се сретне со кредиторите од 18-те земји членки на еврозоната на Самит во Брисел на 22 јуни во обид да се спречи банкрот на Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он