Грција исплати 186 милиони евра на ММФ

Од:

Грција исплати 186,3 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во момент кога се водат преговори за третиот финансиски спасувачки план за Атина.

– Грција денеска ги исплати каматите што ги должи кон ММФ, изјави портпарол на финансиската институција.

Тоа е првиот случај од почетокот на јуни, во кој Грција ја исплаќа сумата што ја должи кон ММФ во утврдениот рок.

Откако побара поместување на рокот, Грција на 30 јуни влезе во банкрот по долгот кон ММФ, кој од 2010 година е еден од главните меѓународни кредитори на земјата.

Атина пропушти нова исплата во средината на јули, со што нејзините задолженија кон ММФ се зголемија на две милијарди евра.

Претставниците на кредиторите на Грција (ЕК, ЕЦБ и ММФ) се во Атина една седмица во обид да изготват финансиски спасувачки план за Грција преку заем од над 80 милијарди евра за три години.

ММФ предупреди дека нема да ја финансира Грција додека Атина не усвои целосен план за реформи и додека Европејците не се согласат да простат дел од грчкиот долг кој е околу 320 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели