Грчки министри го напаѓаат однесувањето на кредиторите

Од:

Грчкиот министер за економија Јоргос Статакис денеска изјави дека Владата била свесна за доминантната идеологија и строгите правила на европскиот систем пред да ги почне преговорите, јави дописникот на МИА од Атина.

Тој истакна дека Владата бара подобрување во јавните финансии главно преку воведување поголеми даноци за луѓето со високи примања и бизнис профити, а не преку разни намалувања како што бараат кредиторите.

Статакис процени дека е невозможно да се постигне договор на утрешниот состанок на еврогрупата. Во врска со тоа кој треба да попушти за да се најде решение, тој рече дека со оглед на тоа што нештата се развиваат, кредиторите ќе треба да преземат нешто.

Министерот за труд Панос Скурлетис, пак, рече дека Грција може да биде принудена да оди на предвремени избори, ако кредиторите не отстапат од своите барања, додавајќи дека нивните предлози за реформи се еднакви на „самоубиство“ за земјата.

– Секој пат кога Грција се обидува да најде решение, тиа доаѓаат и велат: донесете некои пензионери за да ги егзекутираме, рече Скурлетис во врска со преговорите.

Во меѓувреме во Брисел се одржува состанок меѓу премиерот Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, од кој грчката јавност очекува конкретни одговори на повеќе прашања.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија