Грчката Влада го обвини ММФ за забавување на преговорите со кредиторите

Од:

Повторното разгледување на проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања во преговорите со кредиторите, беше неоправдана, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Џанакопулос, цитиран од ТАСС.

-Преразгледувањето на проценките на ММФ после првиот грчки суфицит во 2016 година докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања како по првата оценка (по изполнувањето од страна на Атина на спогодбата со кредиторите), така и по втората оценка, беше неоправдана, забележа Џанакопулос.

Во текот на есента ММФ прогнозираше првичен суфицит во износ од 0,1 процент од БДП до крајот на 2016 година, а сега Фондот очекува суфуцит од 3,3 отсто од БДП, додаде тој.

Владата во следните денови ќе продолжи интензивно да работи за да ја исполни сеопфатната спогодба за завршување на втората проценка, посочи Џанакопулос.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он