Граѓаните ќе може да ги плаќаат сметките за струја и вода во супермаркет

Од:

Освен штедилници и банки, и продавници и супермаркети ќе можат да даваат платежни услуги според новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој го претстави Народната банка, а граѓаните ќе можат да си ги платат сметките за струја, вода и парно додека пазаруваат и плаќаат за производите на каса.

Законот вели дека платежна институција и институција за електронски пари може да биде трговско друштво основано во Република Северна Македонија, кое добило дозвола од Народната банка за давање на овие услуги.

– Од оваа година и штедилниците ќе може да даваат платежни услуги. Но, и трговски друштва може да бидат платежни институции. На пример може да одите да пазарувате и заедно да си ги платите сметките – истакна Игор Величковски, директорот на Дирекцијата за платни системи во Народната банка на работилница за новиот закон.

Секое трговско друштво кое ги исполнува критериумите и кое добило дозвола од НБРМ ќе може да дава платежни услуги со тоа што за разлика од банките нема да може да собира депозити, ниту да дава кредити.

За да аплицира за давање на овие услуги, трговското друштво кое сака да се регистрира за платежна институција ќе треба да има почетен капитал од 20.000 евра кој ќе достигне до 125.000 евра за одреден период, Институцијата за електронски пари треба да има почетен капитал од 60.000 евра кој потоа ќе достигне 350.000 евра.

– Трговските друштва ќе треба да имаат почетен капитал од 20.000 евра со што им се олеснува почетокот на работата. Но, понатаму ќе се докапитализираат до 125.000 евра, односно до 350.000 евра – додаде Величковски.

Со новиот закон ќе има специјализирани институции што ќе издаваат електронски пари. Тоа се пари што се ставени на картичка и не се поврзани со транскциска, односно со платежна сметка.

– Ако ја загубиме картичката, сме ги загубиле и парите. Ако загубиме банкарска картичка, може да се јавиме во банката и таа ќе ја блокира истата веднаш и нема да може да се користат средствата. Но, кога издавач на картичката е институција за електронски пари, ако ја загубиме картичката, исто е како да сме загубиме кеш – објасни Величковски.

Преку воведувањето на платежна сметка со основни функции граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за подмирување на нивните сметки за вода, за електрична енергија, за греење и телекомуникации или трансфер на парични средства на друго лице, односно пет трансакции за вкупна месечна сума која сега изнесува 31 денар. Над таа бројка, банката или давателот на платежна услуга ќе си ја одредува цената за плаќање на налозите.

Според новата регулатива, како што објави претходно „А1он“, доколку корисниците припаѓаат на некоја од ранливите категории, граѓаните ќе можат да ја користат платежната сметка со основни функции без надоместок. Давателот на платежни услуги ќе биде должен најмалку еднаш годишно на потрошувачот да му даде извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка, информации за висината на каматните стапки и применетиот девизен курс“, додадоа од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка