Граѓаните да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори

Од:

Граѓаните при туристичките патувања да проверат дали агенцијата со која патуваат е лиценцирана и да потпишат договор пред патување за да не бидат измамени, апелираат од надлежните институции.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека полесно е да постапат по преставките кои стигнуваат кај нив доколку граѓаните имаат договор потпишан со агенцијата, програма за патувањето и фискална сметка дека платиле за услугата. Во случаи кога туристичките аранжмани се купуваат онлајн, потребно е поголемо внимание од страна на потрошувачите и проверка дали агенцијата има лиценца А или Б. Тоа може да се провери на веб страницата на Министерството за економија.

– Некогаш на онлајн ќе ви нудат услуга дека одите во феноменален хотел, а кога ќе отидете таму, потоа во поплаките се праќаат фотографии дека буквално нема ниту тоалети. На онлајн може секој да биде нашминкан, а друго е кога ќе отидете во туристичка агенција, ќе потпишете договор и ќе земете програма каква што ви нудат за парите што ги давате, истакна директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека се запознаени со најновиот случај на измамени граѓани преку „Одмори се“ и оти прават напори да го решат случајот, иако во дадената ситуација им се врзани рацете бидејќи нема потпишано никаков договор меѓу потрошувачите и агенцијата и комуникацијата е водена само телефонски, а уплатата е направена на друга жиро сметка.

– Во тек сме со случајот и ќе најдеме решение, но некогаш и самите потрошувачи прават грешки. Комуникацијата е телефонска и правиме напори за да им излеземе во пресрет, но рацете ни се врзани, појасни Пауновски.

Од Министерството за економија најавуваат дека се размислува како опција во Законот за туристичка дејност да се воведе банкарска гаранција за агенциите, која би се активирала доколку граѓаните бидат измамени.

– Моментално има неколку верзии на Законот за туристичка дејност. Уште не сме решиле колку ќе биде банкарската гаранција, но тоа ќе зависи од лиценцата. Секако, доколку од контролите што ќе ги направи Државниот пазарен инспекторат се утврди дека се прекршени договорите што се потпишани со потрошувачите, како Министерство не само што ќе ја активираме банкарската гаранција, туку ќе ја одземеме и лиценцата, рече министерот Бектеши.

Додаде дека има различни предлози околу висината на банкарската гаранција, но оти за големите тур оператори гаранцијата ќе се движи од 50 до 100 илјади евра.

Од Министерството очекуваат законот да биде испратен до Владата на разгледување по претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница