Готов проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Од:

Изградбата на автопатот од Скопје до Блаце е врвен инфраструктурен приоритет за Владата, бидејќи имаме значителна економска размена со Косово и ќе се обидеме што побрзо да биде реализиран, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Проектот за патот од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, чија проценета вредност е 63 милиони евра, е завршен и е на ревизија. Зборувавме и со Европската банка за обнова и развој да ја финасира изградбата на автопатот, рече Анѓушев во одговор на прашање по работната посета на Стопанската комора на Македонија

Тој нагласи дека Македонија ќе биде посветена делницата од 13 километри што побрзо да се направи.

– За автопатот досега немаше техничка документација. Сега е направена и во тек е нејзината ревизија, а парите ќе бидат одредени и детерминирани како приоритетни, посочи Анѓушев.

Порача дека државата треба да им помогне и на претпријатијата во зоната во Визбегово која сама се има развиено.

– Државата треба да посвети внимание и да им помогне на претпријатијата во зоната. Работиме на тоа да изнајдеме средства и да решиме некои нивни инфраструктурни проекти, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница