Голема заинтересираност и зголемен број посетители има на информативните сесии за објавениот втор повик за доделување подгрантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот. Апликантите се од различни сфери, од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.
Ова денеска го изјави директорката на единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишак.
– Во изминативе десетина дена одржуваме инфо сесии за промовирање на вториот повик за заинтересираните апликанти од областа на туризмот. Досега беа одржани седум работилници на различни дестинации, а денеска работилницата е насочена повеќе кон асоциијаци, микро и мали претпријатија, рече Шишак.
Таа информира дека имаат различни категории. Едниот грант е за микро и мали претпријатија. Треба да се постоечки претпријатија, да функционираат минимум една година до денот на објавата на повикот. Грантовите се во висина од 100.000 евра за самостојно настапување, со тоа што ќе треба и тие да имаат свое учество од 50 отсто од висината на грантот.
Со проектот, како што рече, не сме во можност да поддржиме физички лица. Тие ќе треба да најдат некој начин, да се поврзат преку невладиниот сектор или преку здруженијата на граѓани, да аплицираат и да добијат средства кои во тој случај можат да бидат до 50.000 евра, со кофинасирање од 10 отсо доколку станува збор за непрофитна организација или 150 отсто доколу станува збор за профитна организација.
– Нашата канцеларија нуди помош при подготовка на апликациите. Бараат грантови за подобрување на сместувачките капацитети, за подобрување на вештините на нивните туристички работници. Им недостига подобрена инфраструктура, ни недостигаат добри поврзувања до одредени туристички локации. За тоа имаме грантови кои ги нудиме на јавниот сектор, на општините, Центрите за регионален развој кои можат да дадат придонес во подобрување на патната инфратструктура, рече Шишак.
В понеделник има инфосесија во Штип, во вторник во Берово, а во четврток ќе има инфо сесија за дестинација 1 во која влегуваат Скопје, Куманово и околината.