Банкарскиот гигант Голдман Сакс и хуманитарната организација Велком Траст понудија 1,7 милијарди долари за 5.500 комерцијални објекти кои ги поседува британската железница.
Националната железница на Британија е независно јавно претпријатие кое стопанисува со железничките линии и другата железничка инфраструктура во земјата, во која спаѓаат и голем број комерцијални објекти.
Компанијата се обидува да собере повеќе средства за да може да инвестира во натамошна електрификација на железничките линии и нивно проширување. Барањето понуди за комерцијалните објекти е дел од овој проект на Националната железница.