Вкупните депозити во февруари, на годишна основа, се зголемени за 6,1%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, информира Народна банка.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, велат од Народна банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.