Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор

Од:

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на Северна Македониjа, Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија, Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, информира денеска Сојузот на стопански комори.

Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа.

Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој во одредени економски гранки бележи стагнација.

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис сектор се човечките ресурси, сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада.

Би можело да ве интересира

ССК секогаш ќе стои зад интересот на бизнисот, најави новиот претседател Ѓорѓиевски

Горан Ѓорѓиевски избран за претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Ангеловски: Јаневска веќе е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ

Горан Наумовски

Казна за Сојузот на стопански комари за давање лажни информации за картелското здружување на маркетите

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Ангелоски: Итно укинување на бирократските процедури за инсталирање обновливи извори, вишок се

Маја Илиевска-Пачемска