Ѓорѓиев: Психолошкиот ефект од неодговорно информирање покренува инфлаторана спирала

Од:

Владата интензивно ги следи состојбите со зголемување на цените, размислува и прави анализи како би можела да интервенира во евентуален дисбаланс на пазарот на прехранбени производи.

„Анализите што ги изготвува министерството за земјоделство треба да бидат готови во текот на наредната недела. Со нив ќе бидат предвидени мерки и методи како и кога би се интервенирало согласно пазарните законитости. Владата посветено ги следи состојбите и ќе интервенира доколку има потреба, секако во рамки на своите ингеренции и можности. Она што зависи од Владата ќе биде направено“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој истакна дека во пазарно општество како што е Македонија секој треба да има одговорен пристап во однос на коментирањето на состојбите кои се однесуваат на пазарот, бидејќи, како што рече, и пазарот и ценовната еластичност многу зависат и од психолошките перцепции на граѓаните.

„Во овој момент дисбаланс на пазарот на храна во Република Македонија нема. Има определени обиди за поместување на определени граници на цените, но структурно нарушување на пазарот и пазарните законитости нема. Владата апелира посоодветно и поодговорно да се однесуваме во рамките на пласирањето на информации кои можат да значат психолошки ефект за покренување инфлаторна спирала“, рече Ѓорѓиев.

Владиниот портпарол потсети дека во изминатиов период се реализираат мерки кои Владата ги презентираше пред почетокот на летото, а се однесуваат во најголем дел во поддршка на прехранбената индустрија.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи