Според истражување на Меѓунардониот одбор за транспорт производителите на автомобили во просек пријавуваат 25 отсто поповолни резултати за потрошувачката на гориво од реалните.
Извештајот е заснован на резултати на повеќе од половина милион приватни и службени автомобили.
Во него се вели дека БМВ возилата ги „измачува“ најголема разлика од дури 30 отсто меѓу декларираните и постигнатите резултати. Покрај БМВ тука е и Ауди со 28 отсто разлика, а на трето место е Мерцедес со 26 отсто.
Разликата меѓу декларираните и вистинските резултати сега е десет отсто полоша отколку што била пред само 10 години.
Најверодостојни податоци за потрошувачка прикажале јапонските производители – Тојота отстапува со 15 отсто, а за пофалба се и француските Рено, Пежо и Цитроен каде има разлика од „само“ 16 отсто. Германските компании велат дека тестовите ги извршуваат во лабораторија, а не во реални околности.