Германски компании бараат добавувачи во држави од Западен Балкан

Од:

Германските компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан, а заинтересираните компании од Србија можат да аплицираат до 17 јуни годинава, јави Бета.

Пријавувањето е преку веб-страницата на Германско-српската стопанска комора.

Регионалниот проект Б2Б „Германска иницијатива за наоѓање добавувачи на Западен Балкан“ се спроведува седма година, а минатата година се одржаа повеќе од 300 состаноци, со учество на 52 српски компании.

Проектот е организиран од Германско-српската стопанска комора, претставништвата на германската економија на Западен Балкан (AHK), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME e.V.).

Германските компании кои бараат добавувачи се главно од секторот за обработка на метали како и сектори за обработка на пластика и електроника.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски