Германија продава, Русија купува злато

Од:

Русија ги зголемува своите златни резерви континуирано девет месеци. Податоците од минатиот месец на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) говорат дека Руската национална банка на своите 996,4 тони злато додала уште 0,3 тони. Администрацијата на Владимир Путин секој месец троши половина милијарди долари за купување злато.

Русија е седма сила во светот по количината на златни резерви, исклучувајќи го ММФ.

Во овој период златните резерви ги зголемиле и Казахстан за 1,4 тони и сега неговите резерви се 130,9 тони, Азербејџан ги зголемила златните резерви за два тони и сега поседува 8 тони злато и Киргистан кој го зголемил количеството злато како резерва за 0,1 и сега има резерви од 3,3 тони.

Извештајот на ММФ покажува дека резервите во злато ги зголемиле и Украина, Грција, Белорусија и Бугарија.

Златото има сè поголема улога во заштита на валутата од курсните разлики од почетокот на кризата во 2008 година, а пазарите покажуваат сè поголем интерес за зголемување на своите златни резерви.

Во јуни годинава цената на златото падна за 11 отсто, што е најголем пад на вредноста на овој благороден метал од 2011 година. Веќе во јули вредноста на златото се зголеми за 9 отсто.

Во јуни годинава Германија, Мексико, Чешка, Данска, Костарика и Турција, ги намалиле своите резерви во злато, покажува извештајот на ММФ.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката