„Гасната централа која ќе ја градат Грците чини 180 милиони евра, а во предлог законот е 290“: Инженерите против нов „Чебрен“

Од:

Четири предлог закони за стратешки инвестиции и за изградба на капацитети од обновливи извори кои утре ќе се најдат пред пратениците во Собранието ќе ја стават Македонија во подредена позиција како коинвеститор слично како со договорот за „Чебрен“, предупредуваат експертите.

Во Собранието се предлог законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, Стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, на стратешкиот инвеститор, „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтачна централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестициски проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешки инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен Тецх“ ДООЕЛ Скопје со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност з батерии за баланс во мрежата.

Од Здружението на инженери сметаат дека ваквите стратешки инвестиции треба да ги реализира државата и на пратениците им порачаа да не ги гласаат предлог законите на утрешната седница. Тие испратија допис и електронска порака до секој пратеник во Собранието поединечно, со која бараат да не им се дава поддршка на неколку штетни предлог-закони што го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија.

„Свесни сме и сигурни дека енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши македонски, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за нејзиниот државен суверенитет. Договорите кои се составен дел од овие четири предлог Закони се штетни по нашата економија и ќе предизвикаат финансиски колапс на Македонија. Со многу помали ризици и со многу поекономичен приод истите проекти може нашата држава самостојно да ги реализира“, велат од Здружението.

Инженерите ја издвојуваат когенеративната постројка „Митилинеос“ во Скопје како проект од државата ќе претрпе голема штета, а слично ќе биде и со останатите три проекти.

Според нив една гасна когенеративна централа со моќност од 165MW каква што е планирана да ја гради „Митилинеос“ чини 180 милиони евра, а во предлогот на закон сумата е 290 милиони евра.

„Македонија зема обврска да му даден државна помош на Митилинеос од скоро 50 милиони евра. За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/m2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона.
Македонија, а не Митилинеос, по 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2. Се обврзуваме дури и ако немаме потреба, на Митилинеос да му платиме за преземање на околу 1.000 MWh електрична енергија и 275 MWh топлинска енергија“, велат оттаму.

Според Здружението на инженери, Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15% до 35% повисоки од берзанските, потоа дека ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи, како што посочуваат, Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 ЕУР/MWh) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 ЕУР/MWh), или вкупно над 48 милиони евра годишно.

Според инженерите, „Митилинеос“ ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија.

Предлагач на законот за „Митилинеос“ е министерот за економија Крешник Бектеши, а потписник е Артан Груби – министер за политички систем, а законот треба да се донесе по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Потенцијален инвеститор заинтересиран за изградба на когенеративна гасна постројка

Предлог законот за парнична постапка повторно е во собраниска процедура

Горан Наумовски

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Нов обид во Собрание за законите за Митилинеос и за игрите на среќа

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Претставка до Комисијата за заштита на конкуренцијата за случајот Митилинеос

Катерина Ѓуровски