Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на ЕБРД

Од:

ЛЕвропската банка за обнова и развој (ЕБРД) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19.

Педесет и пет годишната Рено-Басо, сегашна генерална директорка на Трезорот, е прва жена на функцијата шеф на ЕБРД. Таа исто така во 2016 година била прва жена која дошла на чело на Трезорот, една од главните управи во француското Министерство за економија и финансии.

Таа ќе ја преземе должноста подоцна оваа година од Британецот Сума Шакрабарти, кој во јули поднесе оставка во банката, која ја предводеше од 2012 година.

– Советот на гувернерите на ЕБРД ја избра Французинаката Одил Рено-Басо за иден претседател, се наведува во соопштението на оваа институција.

Вршителот на должност претседател на ЕБРД Јирген Ригтерник и честиташе на новата шефица, оценувајќи дека таа ќе и донесе на банката „огромно меѓународно искуство“.

ЕБРД, со седиште во Лондон, е формирана по падот на Берлинскиот ѕид, со цел да им помогне на источните земји во транзиција кон пазарната економија. Меѓутоа од финансиската криза 2007-2008 таа силно ги прошири активностите во прилог на економски развој, но неодамна и во борбата против климатските промени.

Би можело да ве интересира

ЕБРД: Економијата на Украина ќе се намали повеќе од очекуваното

Ана Ололовска

ЕСМ: ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј

Ана Ололовска

ЕБРД донира 77,6 милиони евра за подобра инфраструктура на Западен Балкан

Жарко Настоски

ЕБРД: Пандемијата ќе има негативно влијание врз економијата

Ана Ололовска

Спасовски: Инфраструктурното поврзување е клучно за развојот на Западен Балкан

Ана Ололовска

Лидерите на шест земји од Западен Балкан на 8 мај во Сараево

Ана Ололовска