Франција бара воведување контрола на увозот на јужнокорејски возила во ЕУ

Од:

Франција официјално побара од Европската комисија да започне контрола на увозот на автомобили од Јужна Кореја, што би било прв чекот кон можно повторно воведување на царини за увоз на јужнокорејските возила во земјите-членки на ЕУ.

Во писмото што францускиот министер за индустриски развој Арно Монтебург го упати до Европската комисија се наведува дека ваквото барање е во согласност со условите од Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Јужна Кореја, кој дозволува „преземање безбедносни мерки при ненадеен раст на увозот во некои чувствителни сектори“.

Според Монтебург, ваквото барање следи поради фактот што само во текот на јануари и февруари бројот на увезени јужнокорејски возила во Франција се золемил за 50 проценти.

– Контролата ќе подразбира дека увозниците пред увезувањето на возила во Франција ќе мора да побараат одобрение од Комисијата. Тоа ќе ни овозможи да го процениме реалното влијание на Договорот за слободна трговија врз автомобилскиот сектор, изјави Монтебург.

Барањето на Франција следи откако минатиот месец Монтебург ги обвини јужнокорејските производители на возила дека ги продаваат своите автомобили на европскиот пазар по цени пониски од производните.

Наспроти растот на продажбата на јужнокорејски возила во ЕУ, најголемата француска автомобилска индустрија „Пежо“ во првата половина од годинава забележа загуба од 819 милиони евра и најави отпиштање на 8.000 работници.

Би можело да ве интересира

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Тојота во 2012 година повторно лидер на автомобилскиот пазар

Ана Ололовска

За Мерцедес нема криза

Емир Латифовиќ

Шкода започна со изградба на нов центар за тестирање мотори

Емир Латифовиќ

„Пежо-Цитроен“ ќе укине 8.000 работни места

Емир Латифовиќ