Американската автомобилска компанија Форд мотор планира да укине 3.200 работни места во Европа и дел од производството да префрли во САД, објави германскиот синдикат ИГ Метал.
Компанијата планира да отпушти до 2.500 работници во одделот за развој на производи и до 700 во администрацијата, а поголемиот број работници што ќе добијат отказ ќе бидат во Германија.
Работниците во фабриката на Форд во Келн, која вработува околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.800 во центарот за развој на производи во Меркенич, беа информирани за плановите на компанијата.
Портпаролот во седиштето на Форд во Мичиген изјави дека продолжуваат разговорите со германските работнички совети.
Извор: МИА