„Форд“ ќе инвестира 750 милиони евра во фабриката во Валенсија

Од:

Компанијата „Форд“ одлучи да инвестира над 750 милиони евра во фабриката во шпанскиот град Валенсија, со цел таму да се произведува новата генерација на спортско возило „Форд Куга“ со средна големина.

Во Европа во текот на 2017 година се продадени 126.900 возила од моделот „Куга“, што претставува зголемување од 22 отсто во однос на истиот период лани.

Вкупната инвестиција на „Форд“ во Шпанија од 2011 година изнесува околу три милијарди евра.

Исто така, денес околу 25 проценти од вкупниот број патнички возила продадени во Европа се СУВ, а „Куга“ опфаќа речиси половина од производството на возила во Валенсија.

– Главната инвестиција која изнесува повеќе од 750 милиони евра ја потврдува нашата посветеност на eдна од најважните фабрики за производство во Европа, која се наоѓа во Валенсија. Сакам да се заблагодарам на националната Влада во Мадрид и на регионот Валенсија за нивната континуирана поддршка и за нивната работа за одржување на поволна клима за бизнис инвестиции воВаленсија“, наведе Стивен Армстронг, претседателот на „Форд“ за Европа, Источна Азија и Африка.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја