Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин целосно опремија 2 кабинети за рана интервенција

Од:

Вчера беа пуштени во употреба два кабинети за рана интервенција во Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација, значително проширувајќи го капацитетот на Центарот за поддршка на децата од најмала возраст. Оваа активност е донација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и ја одразува нивната континуирана посветеност за унапредување на заедницата и создавање на поинклузивно и похумано општество.

Овие кабинети претставуваат наменски простории за рана интервенција дизајнирани да ја поттикнат комуникацијата, социјалната интеракција и когнитивниот развој преку структурирана игра и целни терапевтски активности. Покрај тоа, овие сензорни простори нудат опрема и алатки што им помагаат на децата да го регулираат сензорниот влез, да го подобрат фокусот и да изградат основни вештини за раст и развој.

„Веруваме дека секое дете заслужува можност да го достигне својот целосен потенцијал и горди сме што можеме да придонесеме во создавањето простори каде што децата можат да растат, да учат и да напредуваат“, истакна Викторија Механџиска. Оваа донација од Фондацијата д-р Верица Маханџиска и Зегин е продолжување на успешната соработка со Центарот на кој пред неколку месеци му се донираше и најсовремен апарат за транскранијална магнетна стимулација (TMS M50 Ultimate).

„Опремувањето на двата кабинета за работа со деца со развојни потешкотии од страна на Фондацијата „Др Верица Механџиска“ и Зегин претставува голем чекор напред во создавањето подобри услови за нивно образование, рехабилитација и социјализација. Оваа и нивните претходните донации се пример за општествена одговорност и хуманост, покажувајќи дека заедницата може да биде силен партнер во создавањето инклузивно општество“ изјави Нермин Теловска, директор на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

Новите кабинети за рана интервенција од денес официјално ќе бидат отворени за семејствата. Со оваа донација се очекува Центарот да го зголеми бројот на деца опфатени во индивидуализираните програми за терапија кои ги нуди.

Би можело да ве интересира

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донира опрема на ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација

Фондацијата д-р Верица Механџиска обединува Херои во сите бои

Компанијата „Зегин“ и Фондацијата Д-р Верица Механџиска со значајна донација за ГОБ „8 Септември” – Скопје

А1он

Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Предраг Петровиќ

3,2,1… летото ни дојде- време е да ја подготвите вашата торба за на плажа со Зегин

Катерина Ѓуровски

Хуманитарната трка Зегин Спектратон уште еднаш ги обедини граѓаните со една цел