Фолксваген ќе плати 3,5 милиони долари поради тужба од Илиноис

Од:

Американската филијала на Фолксваген ќе плати 3,5 милиони долари во тужба покрената од сојузната држава Илиноис против германскиот производител на автомобили, поради фалсификување резултати од тестовите за мерење на издувните гасови кај дизел возилата.

Минатиот месец американскиот Врховен суд ја отфрли намерата на Фолксваген да избегне слични тужби на официјални лица во Јута, Флорида и Охајо, кои бараат компензација од германскиот производител на автомобили во врска со скандалот со издувните гасови. Судиите потоа одбија да ги слушнат жалбите на Фолксваген против пресудата на понизок суд со која се дозволува округот Хилсборо, Флорида и округот Солт Лејк во Јута да бараат одговорност од компаниите според локалните закони и прописи кои забрануваат неовластени контроли на емисиите на возилата. Судот, исто така, ја отфрли жалбата на компанијата против слична пресуда во случајот инициран од државата Охајо.

Би можело да ве интересира

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

А1он

Фолксваген соопшти за пад на приходите и профитот во третиот квартал поради глобалниот недостиг на чипови

А1он

ЕУ бара од „Фолксваген“ отштета за купувачите на неговите дизел возила

А1он

Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови

А1он

„Фолксваген“ повлекува 38.000 автомобили заради проблем со педалата на сопирачката

Жарко Настоски