По откритието дека царинските работници на Косово блокирале 40 цистерни со нафта за влез од Албанија, А1 он истражуваше да дознае кои фирми од Македонија имаат нарачано гориво од западниот сосед и дали исто такво гориво завршува и на македонскиот пазар.
Извори вклучени во проверките на квалитетот на нафтата, кои официјално потврдија дека количината од милион литри е неквалитетна, брифираат дека на списокот компании кои годинава правеле увоз од Албанија се Алов Илинден- Скопје, Црна Река Петрол од Кавадарци, Супертрејд- Скопје, , Гуливер инженеринг- Скопје и Дади Оил од Виница. Дали властите спроведувале контрола при увоз на нафта од Албанија, оти овој сериозен скандал не смее да заврши само со блокираните цистерни на царина во Косово.
Понатаму, надлежните ќе мора да испитаат каде завршило увезеното гориво од Албанија, на кои бензински пумпи се точело и дали се уште се продава на македонскиот нафтен пазар? Сомнежите дека е можно е да се увезувало неквалитетно гориво ги засили изјавата на претседателот на Здружението на бизниси, Фадил Бајрами, дека овој товар не е прв од ваков вид што се појавува во регионот.
Освен што сега властите ќе мора да истражат кој е инволвиран во матниот увоз на неквалитетна нафта и каде таа завршувала, ќе мора јавно да се отвори прашањето колку таквото гориво загадува, колку е штетно по животната средина и на крајот колку возачите биле изложени на манипулација, односно им се точело гориво кое штетно влијаело и на самите возила? Да испитаат дали горивата од Албанија ги задоволуваат стандардите за квалитет и дали се направени тави испитуванја воопшто?
Инаку, ивршената анализа во царинската лабораторија, како и во две акредитирани приватни лаборатори во Косово, покажаа дека нафтата не ги исполнува критериумите за квалитет. Ова го потврди Адриатик Ставилеци од косовската царинска управа.
По трите извршени анализи, една од трите компании, за која се знае дека е нарачател „ХИБ Петрол“ инсистирала на друга анализа, по што Царинската управа на Косово испратила мостри од нафтата за анализа во Македонија, која го потврдила истото.
Исто така нејасно е дали надлежните инспекции во Македонија вршеле контрола на бензинските станици за квалитетот на горивото кое го нудат.
– Ова е уште една потврда дека се увезуваат неквалитетни нафтени деривати, а не дека тие се „расипуваат“ на бензинските пумпи. И оваа количина на нафта беше наменета за косовскиот пазар. Доколку не се контролираше на граница, таа ќе беше дистрибуирана по бензиските пумпи. Потоа кога ќе беа земени мостри на дериватот од пумпите тие ќе беа казнети по најмалку 10 илјади евра за неквалитет без нивна вина, посочува Бајрами.
Тој отркива дека блокираната нафта во Албанија пристигнала од Шпанија. Но, според него не е познато дали низ Албанија минала само транзит или била депозитирана пред да тргне за Косово.