Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Од:

Германската компанија „НЕкст е.го“ која требаше да изгради фабрика во Тетово за производство на електрични автомобили и која беше најавена како инвестиција на семејството Дестани, поднесе барање за стечај.

Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.Компанијата како причина го наведува „неповолното опкружување на пазарот“.

Во посебна објава, e.Go напиша дека поднела барање за отворање на постапка за несолвентност до окружниот суд во Ахен во Германија. Во петокот, околу 320 вработени во компанијата беа информирани за ситуацијата и следните чекори.

Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.

Имајќи го предвид интересот на граѓаните истотака информираме дека, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Во август 2022 година премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби помпезно ја најавија изградбата на германската фабрика „Некст е.ГО“ која требаше да произведува автомобили на електричен погон и да отвори 900 нови работни места во ТИРЗ Тетово.

Фабриката првиот вицепремиер Артан Груби ја најави како инвестиција на домашната компанија „Еколог“ на Лазим Дестани вредна 130 милиони евра, а „А1он“ истражуваше како семејството Дестани влегло во германската компанија.

Лазим е татко на основачот на „Еколог Интернешнл“, Назиф Дестани кој со својата „НД Груп“ од Холандија влезе во „Некст е.го“. Ова семејство е сопственик на фудбалскиот клуб Шкендија и важи за блиско до владеачката ДУИ.

„НД Груп“ на Назиф Дестани е мнозински сопственик во компанијата „е.ГО“ во која, според германските медиуми, инвестирале и гигантот за пневматици „Пирели“, поранешниот државен секретар за финансии на САД, Џон Сноу и американскиот актер Едвард Нортон, а заштитно лице на брендот е бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски