Фирма од село Стримница-Желино ќе ги набавува палмите вредни половина милион евра

Од:

Конечно Македонски шуми избра фирма која ќе ги набави 1.100 влакнести палми. Фирмата РОССЕН ЦЕНТАР ДООЕЛ регистрирана во село Стримница-Желино го добила тендерот вреден 523.000 евра или 32.148.121 милиони денари со вклучен ДДВ.

Директорот на ЈП Македонски шуми во моментот кога медиумите објавија за идејата да се набават палми за половина милион евра, изјави дека тоа е само проценета вредност и дека преку електронската аукција цената ќе паднела под 500.000 евра.

Влакнестите палми требаше да стигнат на почетокот на ноември или дел од нив да се засадат за денот на дрвото.

Палмите не стигнаа за денот на дрвото а директорот на Македонски шуми соопшти дека ќе се засадат на пролет. Скопје ќе се закити со 160 тропски егзотични дрва а останатите локации дополнително ќе се утврдуваат.

Многу од познавачите се сомневаа дека палмите нема да успеат поради климата но директорот Жарко Караџоски цврсто убедуваше дека палмите ќе опстојуваат на македонската клима иако се набавуваат од тропски предели.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула