Финансиски писмени граѓани носат правилни одлуки и придонес за личен и економски раст

Од:

Нивото на финансиска писменост на возрасното население во земјава изнесува 56 отсто од максимумот. Финансиски писмени граѓани знаат да донесат правилни одлуки, од што има и лична корист, но и општо добро. Таа придонесува за раст на економијата, финансиската стаиблност, раст на индивидуалната благосостоја. Инвестирањето во финансиска едукација е финансирање во иднината. Ова се пораките од првите луѓе на институциите вклучени во Координативното тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, а кои го најавија одржувањето на Деновите на финансиска писменост 2020.

-Финансиската писменост не е само лично добро, туку е јавен интерес. Кога повеќе граѓани знаат да ги вреднуваат работите економски и знаат да носат правилни финансиски одлуки, од тоа имаме корист сите. Тогаш имаме помала веројатно за финансиска криза, поголема веројатност за стабилни инвестиции и раст. Затоа е важна финансиската писменост, не само за лична корист, туку и за општиот интерес, порача министерот за финансии Фатмир Бесими во пресрет на одржувањето на Деновите на финансика писменост.

Тој додаде дека дигиталните технологии денес ги прават подостапни финансиските услуги за граѓаните, што го покажа и актуелната ковид-криза.

Министерството за финансии веќе работи на законско решение кое ќе стапи во сила од 1 јанаури 2022 година и кое ќе придонесе многу нови финтек можности и услуги што ги има во развиените земји да се доближат до нашите граѓани.

-Заинтересирани сме за финансиските услуги да бидат подостапни до вас. Да бидете посигурни со појаки финансиски институции во земјата, за вашите одлуки да бидат поисправни, подобро измерени, и да бидат помалку манипулирани, односно нашата цел е да има нула маниулација на вашите финансиски одлуки и решенија, порача Бесими.

Нивото на финансиска писменост на возрасното население кај нас изнесува 56 отсто од максимумот, што е блиску до просекот во Југоисточна Европа од 57 отсто, но е пониско од постигнатите резултати на земјите од ЕУ и ОЕЦД, од 64 отсто и 65 отсто, соодветно, ова се резулатите од анкета на ОЕЦД, што ги сподели гувернерката на Народната банка Анита Ангелоска-Бежоска.

Таа потенцира дека подолгорочните трендови во финансискиот сектор видливи преку раст на понудата на нови финансиски производи, кои се повеќе се темелат на нови напредни дигитални технологии, а кои пандемијата уште повеќе ги потенцираше, наложуваат потреба од поголема дигитална писменост на населението како предуслов и за поголем пристап до финансискиот систем.

Укажа дека последната анкета на ОЕЦД за регионот на ЈИЕ од 2019 година упатува дека населението кое се одликува со дигитална писменост, односно користи компјутер, во споредба со населението кое не користи компјутер во просек има повисоки оценки за финансиски знаења за 25 отсто и повисоки оценки за финансиско однесување за околу 20 отсто, што, како што оцени, јасно ја потенцира потребата од поголеми дигитални познавања, како и на поврзаноста помеѓу користењето на дигитална технологија и финансиското знаење.

Ковид кризата, како што покажуваат истражувањата, придонесе кон тоа граѓаните се повеќе да ги ползуваат придобивките од новите финансиски производи и посовремени начини на плаќања.

Податоците што ги сподели гувернерката покажуваат дека во јуни оваа година, имаше висок годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на интернет, од 168 отсто, што е за седум пати повисоко од годишниот раст (од 24%) во истиот месец од минатата година. Исто така, користењето на електронското банкарство од страна на физичките лица забележа исклучителен раст –бројот на електронски кредитни трансфери во јуни 2020 година се зголеми за 34 отсто на годишна основа. Притоа, рече гувернерката, граѓаните значајно ги користеле мобилните телефони за извршување на плаќањата имајќи предвид дека во овој сегмент се забележува висок годишен раст од 81 отсто.

Граѓаните исто така поинтензивно ги користеле и персоналните сметачи, при што бројот на плаќања иницирани со персонален сметач во јуни 2020 пораснал за 20 отсто на годишна основа. Тековно, еден од три електронски кредитни трансфери се иницира преку мобилен телефон од граѓаните, додека останатите два електронски кредитни трансфери се иницираат со користење персонален сметач.

-Нема сомнение дека пандемијата значајно го забрза овој процес, но и ние, заедно со финансиските институции, настојувавме што повеќе да придонесеме со достапност на едукативни материјали и информации на населението, укажувајќи на предностите на електронското банкарство, но и на начините за заштита од ризици при користење на овие услуги, истакна Ангелоска-Бежоска.

Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, порача дека инвестирањето во финансиска едукација е финансирање во иднината.

-Финансиската едукација станува се посуштинска, не само за секојдневните потреби, затоа што влијае на економскиот раст, финансиската стаиблност, раст на индивидуалната благосостоја и на што е можно пошироката финансиска вклученост на граѓаните, истакна Алити и додаде дека има меѓусебна поврзаност меѓу финансиската писменост и заштита на инвестотиторите бидејќи инвеститор со солидна едукација е помалку ранлив и подложен на ризиците на финансиските пазари.

На заедничко работење на сите регулатори на равивање на недоволно развиените финансиски столбови и посигнување на нивото на финансиската писменост, повика претседателот на Управиот одбор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Крсте Шајноски.

-Квалитетен финансиски систем значи здрав раст на сите столбови, од што ќе имаат бенефит сите, истакна Шајноски посочувајќи дека е недоволно развиен пазарот на осигурувањето.

-Пазарот на осигурувањето е трет по големина во финансискиот систем. Основните показатели за степенот на развој нн пазарот покажуваат дека замо 1,52 отсто од БДП се инвестира во осигурувањето, додека по глава на жител износот на инвестирани средства изнесува 5.095 денари. Причините за ниското ниво на развиеност на осигурување се повеќеслојни. Недоволниот степен на финансиска едукација, е само една од причините за ниската пенетрација на осигурувањето во финансискиот систем, рече Шајноски.

Максуд Алит од МАПАС, посочи, на активносите што се преземаат за информирање на членовите на пензиските фондови.

-Процесот на едукација и информирање за пензискиот систем е континуиран процес.Како и минатите години, Агенцијата во цела 2020 година спроведува активности, некои со координативното тело, некои со пензиските друштва, некои и индивидуално, рече Алити.

Во рамки на Деновите на финанска едукација, вклучените институции, ќе понудат различни иницијативи за да придонесат за подигнување на свеста за важноста на финансиската едукација.

Годинава поради ковид-кризата, ќе се одржат онлајн.

Би можело да ве интересира

Преку МСИП-проектот проширена и реконструирана општинската зграда во Сарај

Ана Ололовска

Бесими-Силвестри: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризата

Ана Ололовска

Бесими со порака до инвеститорите на форумот на „Еуромани“: Економски раст годинава, догодина забрзување на растот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Во 2020 го испорачавме ветеното, 2021 година на квантен економски скок

Ана Ололовска

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Ана Ололовска

Бесими: Идната 2021 година во знак на заштита на здравјето, економско заздравување и реформи за забрзан раст на среден и долг рок

Ана Ололовска