(ВИДЕО) Финансиска помош за инвестиции ќе добијат 280 компании

Од:

Договори за финансиска помош ќе бидат потпишани со 280 компании кои влегуваат во инвестициски циклус од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места.

Станува збор за компании кои во 2021 година инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места. За првпат државната помош ќе се исплаќа во две транши со што им се помага на компаниите за зачувување на нивната ликвидност, а поголем процент од поддршката добиваат компании кои инвестираат во помалку развиените планиски региони. Годинава, повеќе од 70 проценти од компаниите се надвор од најразвиениот Скопски регион, а има и 22 компании кои аплицирале за финансиска поддршка за истражување и развој.

– Нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во овие тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкуретност, нивните продукти и воведување на нови производствени линии, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски