Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

Од:

Владата да обезбеди правичност и системски пристап во зголемувањето на платите на работниците, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, поставувајќи пратеничко прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Посочувајќи на контрадикциите во предложениот Буџет за 2025 година, Битиќи истакна дека бруто платите за 359 вработени во Владата се предвидени да се зголемат за речиси 54%, од 90.488 денари на 137.226 денари, со нето просечни плати кои ќе достигнат 90.000 денари. За вработените во новоформираното Министерство за енергетика, се предвидува просечна нето плата од 105.000 денари.

„СДСМ и идеолошки а и принципиелно секогаш е за зголемување на платите и го поздравува секое унапредување на правата на работниците и работничките – но не’ зачудува тоа што за вработените во Собранието е предвидено е намалување на платите, што дополнително отвора прашања за принципите на правичност и усогласеност при планирањето на буџетот“, рече Битиќи

Битиќи истакна дека за јавноста е клучно да разбере како Владата ги дефинира приоритетите при планирањето на буџетот и кој е принципот што води до овие големи разлики во пристапот кон различни категории на вработени.

Притоа тој потсети дека Владата го отфрли предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе овозможеше подобрување на животниот стандард на над 22.000 работници.

Би можело да ве интересира

И СДСМ почна да бега од ДУИ, велат од коалцијата ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање

Горан Наумовски

ДУИ: За да ги прикрие неуспесите на неговата партија, Филипче користи анти-ДУИ наратив

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба

(ВИДЕО) Кузеска: Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите