„Фич“ го намали рејтингот на Каталонија по усвојувањето резолуција за независност

Од:

Агенцијата за рејтинг „Фич“ ја намали за два степена оценката на долгорочниот долг на Каталонија до „ББ“ во шпекулативна категорија, откако на 9 ноември Парламентот на шпанската провинција усвои резолуција за започнување процес на независност, што ќе биде постигнат најдоцна во 2017 година. Претходната оценка на Каталонија беше „БББ-“.

Агенцијата ја образложи одлуката со растечката напнатост, што би ја предизвикало кризната ситуација меѓу централната Влада во Мадрид и властите на Каталонија. Долгот на Каталонија е околу една третина од нејзиниот БДП.

Решението е со негативна перспектива, што значи дека „Фич“ може дополнително да ја намали оценката на среднорочен план.

– Независно какви мерки ќе преземе централната влада, има ризици тие да доведат до заострување на напнатоста меѓу двете влади и социјални немири, се наведува во изјава на „Фич“.

Би можело да ве интересира

„Фич“: Здравите основи на банкарскиот сектор придонесуваат за ублажување на шокот од пандемијата

Ана Ололовска

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

Ана Ололовска

Фич ги намали можностите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“

Ана Ололовска

Потврден кредитниот рејтинг на земјава

Ана Ололовска

„Стандард и Пурс“ и „Фич“: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав и останува стабилен

Ана Ололовска

Фич и Стандард и Пурс го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Ана Ололовска