„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија до „БББ+“

Од:

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch Rating) соопшти дека го намалува долгорочниот кредитен рејтинг на Словенија во национална и странска валута за еден поен од „А-“ на „БББ+“.

Според оценка на „Фич“ економските перспективи пред земјата се нагласено негативни заради слабите буџетски показатели и вкупниот финансиски пад, пренесоа руските меидуми.

Аналитичарите на агенцијата подвлекуваат дека од април 2012 година „макроикономската ситуација“ во Словенија „значително се влошила“.

„Фич“ прогнозира зголемување на буџетскиот дефицит до пет проценти на крајот на тековната година. Според Љубљана овој показател ќе биде 2,8 проценти.

„Фич“ дополнува дека долгот на Словенија во текот на 2012-2013 веројатно ќе нарасне до 72 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата заради рекапитализирање на словенскиот банкарски сектор.

Локалните власти прогнозираа дека задолжувањето на земјата ќе достигне 63 отсто од БДП-то.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски