Фестивал на диви смокви во Валандово

Од:

Во Валандово денеска ќе се одржи фестивалот на диви смокви „Еко росалес“. Гостите ќе можат во живо да видат како се подготвува слатко од диви смокви, да дегустираат, но и да разменат рецепти и искуства.

Поставен ќе биде и мини саем за презентација и дегустација на други македонски традиционални производи од мали производители.

За културно-уметничката програма се задолжени Детскиот фолклорен ансамбл при Домот на културата, „Распеани валандовчани“ и „Бед опсешн“.

Фестивалот ќе го отвори Наќо Кимов, лидер на Слоу фуд Валандово, а најавено е и обраќање на градоначалникот Перо Костадинов.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on