Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи“ и од „ЗТЕ“

Од:

Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, нагласувајќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, објави американскиот телекомуникациски регулатор FCC.

„Како резултат на нашата наредба, ниту една нова опрема на Huawei или ZTE не може да биде одобрена“, напиша комесарот на FCC, Брендан Кар на Твитер. Постои и можност за одземање на постојните одобренија, додаде тој.

Тоа е „првпат во историјата на FCC“ да се забрани одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност, напиша тој.

Одлуката не е изненадување, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден минатата година нареди со закон да се исклучи мрежната технологија на Huawei и ZTE од американскиот пазар, продолжувајќи ја политиката на неговиот републикански претходник Доналд Трамп во спорот со Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски