ФЕД: Стрес тестот го минаа 17 од 18 американски банки

Од:

Седумнаесет од 18 американски банки го минаа „стрес тестот“, што има за цел да ја процени отпорноста на банките на нова криза, соопшти Управата на федерални резерви на САД (ФЕД).

Банката „Алај фајненшел“, која се наоѓа под владина контрола, не успеа да го мине тестот поради недостаток на капитал.

Седумнаесет од тестираните банки покажале дека нивното ниво на капитал ќе се задржи над минималната граница од пет проценти, доколку економијата повторно биде погодена од криза како таа во 2007-2008 година.

Тестот покажа дека банките, заеднички гледано, се многу посилни од пред една година, со заедничко ниво на капитал од 7,7 проценти.

– Стрес тестот е средство со кое се мери издржливоста на финансискиот сектор, изјави Данијел Тарулјо, член на ФЕД Одборот на гувернери.

Според него значителниот раст на квалитетот и квантитетот на банкарскиот капитал во текот на изминатите четири години дава сигурност на банките да продолжат со кредитирање на потрошувачите и претпријатијата, дури и во време на економски проблеми.

Стрес тестот опфаќа мерење на поединечната и заедничка способност на банките да се справат со нова криза, вклучително пад на цените на капиталот до 50 проценти, пад на недвижностите за 20 проценти и раст на невработеноста на 12,1 процент, што заедно може да ги загрози банкарските кредити и инвестиции.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД