ФЕД регистрира застој во американскиот економски раст

Од:

 Управата на федералните резерви на САД (ФЕД) оцени дека е регистриран застој во американскиот економски раст, но сепак реши да не ја менува својата монетарна политика.

По синоќешното завршување на дводневното заседание на управниот Комитет за слободен пазар на ФЕД, управата соопшти дека оваа институција, која ја има улогата на централната банка на САД, останува на својата определба за стимулирање на поттикот на американската економија.

Комитетот реши да не ја менува монетраната политика на ФЕД, нагласувајќи дека нема да се откаже од енергичните мерки за намалување на невработеноста утврдени кон крајот на минатата година.

ФЕД  минатиот месец реши да ја задржи својата основна каматна стапка на рекорно ниското ниво од 0,25 отсто, се додека невработеноста во САД не опадне под 6,5 процнети. Управата тогаш исто така одлучи да продолжи со праксата секој месец да купува државни и хипотекарни обврзници во вредност до 85 милијарди долари, со цел да ја одржи ниската цена на кредитирањето и да ги ограничти трошоците.

Американското Министерство за трговија вчера соопшти дека најголемата економија во светот во последниот квартал од минатата година забележала пад од 0,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина